Со последните победи на Френсис Нагану и Дерик Луис тешката категорија доби доза на свежа крв. Листа на предизвикувачи веќе долго време не изгледала вака квалитетно, но тоа не се рабпоти што го загрижуваат актуелниот шампион Стипе Миочиќ.
Во ситуација кога е се поголем бројот на оние кои го сакаат неговиот појас, но и оние кои понатаму да ги омаловажуваат неговите успесите и вештини, Стипе се почувствува должен на сите нив да им испрати јасна порака.
„Слушај, разбирам дека сето ова е дел од промоцијата, но на мене никој никогаш не ми даде шанса. Никој никогаш не мислеше дека ќе бидам шампион, а погледнете каде сум сега. Ќе продолжам да и покажувам на луѓето дека не се во право и дека тоа сакам да го правам. Го обожувам тоа. Сакам да ми кажете колку сум очаен, како ќе бидам нокаутиран и како сум имал среќа во текот на целата кариера. Тоа е во ред, ќе го прифатам тоа и понатму ќе ве замолувам“, рече Миочиќ за Фокс спорт и остави порака за сите предизвикувачи.
„Погладен сум од сите нив. Никој од нив не вложил труд колку што вложив јас за да дојдам до оваа титула. Не ми е гајле она што треба да се направи, но оваа титула не ја испуштам“.
Пред актуелниот шампион е вторта одбрана на појасот и реваншот со Жуниор дош Сантос. Доколку победи на тој меч, Миочиќ ќе дојде на чекор за влез во историјата, бидејќи во тој случај ќе му недостасува само една одбрана за да стане првиот тешкаш во историјата на УФЦ со три одбрани на титулата. На никого не му успеало тоа, но Стипе смета дека тој не е како другите тешкашки шампиони.
„Го сакам тоа повеќе од нив. Кратко и јасно“, заклучи Миочиќ.