Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер го одработија официјалното мерење за реваншот на УФЦ 241, што се одржува во Анхајмм овој викенд во сабота навечер спрема недела, во македонско време.
40-годишниот ДК влегува во втората одбрана на титулата во тешка категорија што ја освои против Миочиќ минатото лето влегува со 107,2 килограми.
Тоа е значително помалку од неговата претходна борба во ноември против Дерик Луис кога тежеше 113,9 ккг. За првиот меч со Миочиќ минатиот јули тежеше 111,6 кг.
На 36-годишниот американски Хрват во Анхајм покажа тежина од 104,6 килограми, што значи дека е значително полесен од првата борба со ДК за која тежеше 110 килограми.