Врвните борци во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер ќе се борат по трет пат. Актуелниот и поранешниот шампион имаа две привлечни средби за појасите. Првиот го освои Кормиер, со кој стана шампион во две категории. Во реваншот во август 2019 година, Миочиќ успеа да добие ветеранот и да си ја врати титулата.
„Стипе се опоравува од втората борба“, објави претседателот на УФЦ, Дана Вајт. „Тој зададе многу удари. Очекуваме да се опорави, за да ја направиме трилогијата“.
Веднаш по втората средба Кормиер загатна пензионирање. Тој најави дека ќе се консултира со сопругата пред да донесе одлука.