Шампионот во полутешка категорија Даниел Кормиер и првакот во тешка категорија Стипе Миочиќ ќе сретнат на УФЦ 226. Во последните средби и двајцата шампиони ги одбранија титулите – Кормиер го победи Волкан Оездемир, а Стипе му одржа лекција на Френсис Нгану.
Сега Кормиер ќе оди една категорија погоре и ќе се соочи со Миочиќ во обид да ја освои титулата.
Откако го подобри рекордот за најмногу последователни одбрани на титулата, Стипе е со уште поголема самодоверба и е уверен во квалитетите кои ќе ги демонстрира против ДК. Тој ја коментираше претстојната средба:
„Даниел Кормиер е добар противник“.
„Ќе ја добиам средбата и ќе ја продолжам серијата на одбрани. Нема да бидат веќе три, туку ќе станат четири“.
„На крајот на краиштата, се е бизнис. Немам лоши чувства спрема него. Се правиме за да и го дадеме најдоброто на своите семејства“.
УФЦ 226 ќе се одржи на 7 јули.