Миочиќ: Би го победил Леснар, тоа е јасно, но сега се грижам само за борбата со Даниел Кормиер

Стипе Миочиќ во јануари против Френсис Нагну по рекорден трети пат ја одбрани шампионската титула во тешка категорија на УФЦ.

Борецот со хрватско потекло од Охајо се подготвува за следниот предизвик – борбата со првакот во полутешка категорија Даниел Кормиер.

Но, се повеќе се слуша приказната за можното враќање на Брок Леснар во УФЦ и можната пресметка со Миочиќ.

На кечерската ѕвезда во април и истекува договорот со најголемата про боречка организација ВВЕ.

„Брок е поранешен шампион и знае да се избори. Тој е цврст, многу силен и победил многу добри борци, но јас сум лошо „меч-ап“ за него“, рече Миочиќ за Спорт илустрејтид.

Леснар пред две години се врати во УФЦ, но се заржува само една борба. Го порази Марк Хант и потоа беше објавено дека е позитивен на допинг тестот.

„Поради моите тренери, соиграчите и мојот тренинг јас може да се борам со кого било. Секогаш имам добар план кога влегувам во борба. Брок би го победил, без прашања. Би го победил Брок, тоа е јасно. Но, сега се грижам само за борбата со Даниел Кормиер. Тоа е за се то се грижам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON