Поранешниот шампион на Белатор во тешка категорија Виталиј Минаков (21-0) ќе се врати во американската промоција на 16 февруари на настанот во Анкасвил.
Во првата борба за Белатор по речиси пет години 33-годишниот Русин ќе се бори против Чеик Конго (29-10-2) когоо го победи со едногласна одлука во својот последен меч за американската промоција во април 2014 година.
Минаков оттогаш е 7-0, а 43-годишниот Французин 9-1.
Победникот од реваншот ќе стане првиот предизвикувач на новиот шампион во тешка категорија на Белатор кој ќе го даде финалето на Гран прито меѓу Федор Емелијаненко и Рајан Бадер.
На истиот настан по втор пат ќе се борат Мирко Филиповиќ и Рој Нелсон.
Во едно неодамнешно интервју Минаков рече дека радо не би се борел со Федор, бидејќи премногу го почитува и го сметал за спортска икона во Русија. Тој го мотивирал да почне со ММА и вели дека борбата нема никаква смисла, бидејќи тие се врвни борци од различни периоди.
Ако е можно не би се борел ниту со други Руси, освен со Сергеј Харитонов.
Рече дека пред битката со Александар Волков Харитонов имал крајно арогантни коментари за него, па тоа го мотивира да се бори со него.
Непоразениот 33-годишент Русин работи со менаџерот Али Абделазиз кој го реши неговите несогласувања со Белатор во рок од 24 часа и потпиша ексклузивен договор според кој за американската организација ќе се бори 6 или 7 пати во текот на следните две години.
За реваншот со Конго ќе се подготвува со Американ топ тим во Флорида.
https://www.youtube.com/watch?v=w1B3wm0JbmE
.