Милошевски: Со КК Металург имам голема карате историја, тоа беше мојот прв клуб во Скопје

Нашиот истакнат тренер, амбасадор на спортот и хуманоста во САД, како истакнат светски судија во ВКФ,  Дејан Милошевски-Чобачо, доби Плакета на 41. издание на Меѓународниот карате турнир „Никола Грдановски-Нике“ во организација на КК Металург за „успешна соработка и значаен придонес во развојот на карате спортот.

„Со КК Металург имам голема карате историја, тоа беше мојот прв клуб во Скопје. Ме врзуваат интересни моменти и со овој клуб, ги започнав првите мои интернационални натпреварувања како член на македонската карате репрезентација. За мене оваа плакета беше изненадување и прекрасен начин да се признае мојот досегашен значаен придонес во развојот на карате спортот во Македонија и светот. Оваа плакета исто така претставува и поттик да продолжам и понатаму да го ширам карате низ целиот свет и воедно да ја претставувам Македонија на светско ниво“, рече Милошевски за Ипон.мк..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО