Милошевски маршал артс повторно го вееја македонското знаме во Чикаго

Каратистите на Милошевски маршал артс (ММА), 19 натпреварувачи, освоија 23 медали – 4 златни, 6 сребрени и 13 бронзени на Меѓународниот турнир Фонсека куп во САД. Милошевски мартиал артс го освои 14-то место од 71 клуб во генералниот пласман.

Фонсека куп е меѓународен турнир во Чикаго, Илиноис, кој оваа година се оддржа на 8 татами на кој учествуваа 545 натпреварувачи од 9 земји – САД, Македонија, Канада, Мароко, Сиера Леоне, Венецуела, Шпанија, Австралија и Киргистан. Организатор е Џон Фонсека, еден од најтрофејните американски каратисти.  Ова натпреаврување беше посебно затоа што имаше специјална демонстрација за каратистите со Паркинсонова болест (проект во кој беше вклучен и нашиот светски судија Дејан).

„Секоја година учествуваме на овој голем натпревар и секогаш успеваме да си го развееме нашето македонско знаме на пиедесталот. Благодарен сум на нашите натпреварувачи за одличниот резултат и за првпат на овој натпревар имавме најмал натпреварувач кој имаше 3 години, со што докажуваме дека имаме одлична карате програма и знаење како да изградиме шампиони и на таа возраст. Дел од овој успех припаѓа и на родителите и секако на нашата македонска црква Св. Кирил и Методиј кои активно помагаат во создавањето на вакви одлични резултати и континуираната презентација на Македонија во САД.“, вели тренерот Дејан Милошевски за Ипон.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON