Милијана-Мила Рељиќ ја преставуваше Македонија на Олимписките игри во Париз при што во првата борба ја победи иконата на таеквондо спортот, Британката Џејд Џонс, која е двократна олимписка, трикранта европска и светска шампионка и ги освои симпатиите на македонската јавност
Мила имаше одлична борба во четвртфиналето со Либанката Летиција Ајун и за малку и избега олмпиското полуфинале.
Во изедначена борба нашата репрезентативка загуби со тесен резултат 2-0 во рунди, но првата заврши 8-9, а втората 6-6, па одлучуваа нијанси, односно повеќе допири.
Со овој резултат Рељиќ е номинирана за Спортистка на годината од страна на Министерство за спорт.
„Милијана Рељиќ годинава имаше најуспешна сезона. Лани во декември освои бронзен медал на Европското првентство до 21 г. во Романија.
Во февруари месец на силниот „Турција Г2 турнир“ освои сребрен медал, а на патот со финалето победи три турски натпреварувачки и репрезентативката на Русија, тоа се едни од најуспешните земји во таеквондо.
Во март месец беше брилијантна на „Скопје Г1 Рамус опен“ каде освои златен медал со 4 победи.
Во април освои бронзен медал на силниот Галеб Г2 опен во Белград со 3 победи.
Во мај месец беше 5-та на Европското сениорско првентсво во Белград, каде за малку ни избега бронзениот медал.
Во јуни на Европското клупско првенство во Тирана освои златен медал со 5 победи.
На Олимписките Игри во Париз ја победи иконата во таеквондо спортот британката Џејд Џонс, која е двократна олимписка, трикранта европка и светска шампионка. Успесите продолжија и со освојувањето на бронзениот медал на Г-1 турнирот во Загреб во ноември месец.
Очекувам со овие резултати Милијана сосема заслужено да биде избрана за спортистка на годината, со што ќе се круниса успешната година, а ќе биде уште поголем мотив за сленди високи достигнување и да донесе повторно радост во Македонија“, ,вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.