Милан Кубин си подари две титули за роденденот (ФОТО)

Milan Kubin na ring na DP vo Negotino 2016

Милан Кубин од Кик бокс клубот Гладијатор од Скопје си го честиташе роденденот на најубав начин – стана двократен шампион на Македонија во сениорска конкуренција.

Milan Kubin i Zoran Dimov od kavadarci na DP kik lajt Negotino 2016

Тој на Државното првенство во Неготино, вчера и денеска, стана шампион во лоу кик до 91 килограм и во кик лајт до 89 килограми. Во кик лајт беше подобар од Зоран Димов од Будо од Кавадарци, а во лоу кик од Игор Лазаревски – Чак.

Milan Kubin i Dragan Atanasovski na DP vo Negotino 2016

Со овие две титули Кубин навести дека годинава може да очекуваме медали и од големите натпреварувња. Мината година го освои првото место на еден од најпристижните кик бокс турнир на Светскиот куп „Бест фајтер“ во Римини, Италија. Пред него ова му појде од рака на Дарко Чатлески. А на Балканскоото првенство беше втор.

Годинава Милан освои бронзен медал на Европскиот куп во Карловац-Хрватска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON