Милан Кубин по втор пат го освои престижниот Бестфајтерт Светски куп на ВАКО во Римини-Италија, откако тоа му успеа и во 2015 година, а пред него само го има освоено Дарко Чателски. Македонија освои 1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени медали.
Милан Кубин (- 91 кг) во финалето со 3-0 го совлада Менсур Муриќ од Црна Гора.
Димитар Ѓоргиев (-79 кг, јун./сен.) во финалето на кик лајт е совладан од Емануил Димитров од Италија со 0-3, со што го освои сребрениот медал на овој престижен Куп. Претходно Ѓоргиев забележа победи Балаш Палоши од Унгарија 3-0 и Аивар Гафуров од Русија 3-0.
Филип Наковски (-81 кг) во К-1 сениори го освои бронзениот медал по поразот во полуфиналето од Полајкот Аркадиуш Кашуба.
Бобан Илиоски (-75 кг) е трет во сениорска конкуренција во лоу кик. Во полуфиналето со 3-0 загуби од Русинот Илија Соколов.
Дарко Најдов (-63,5 кг) и Дарко Крстев (-67 кг) во К-1 во јуниорска конкуренција се закитија со бронзени медали. Најдов е совладан од Русинот Сергеј Абрамов со 2-0, Крстев…
Јована Арсова (-55 кг) во оваа дисциплина но за јуниори/сениори го освои бронзениот медал, како и Столе Јордановски (+80 кг). Арсова во полуфиналето загуби од Норвежанката Карин Олина Фосдал 3-0, а во четвртфиналето забележа победа против Лусил Врежне од Франција 3-0. Јордановски претрпе пораз од 1-2 од Италијанецот Марко Тупини во полуфиналето, а пред тоа го победи Русинот Сергеј Кузин со 3-0.
Викторија Варадинова (-65 кг, постари кадети) во кик лјат го освои сребрениот медал откако беше поразена од Италијанката Свева Скандура 0-3 во единстевниот меч во оваа категорија.
Вчера Иван Куковски (- 28 кг) во поинт фајт освои бронза.
Ipon.mk/В.Д.