Милан Кубин го освои Бест фајт Светскиот куп во кик бокс во Римини, Италија, во дисциплината кик лајт во категоријата до 89 килограми. Ова е втор Македонец што успеал да го освои овој престижен Куп, прв што го освоил е Дарко Чатлески од Прилеп и тоа во лоу кик, кога Бест фајт се одржуваше во Пјаченца.
Кубин до златото дојде со победи над Италијанец, Бугарин и во финалето повторно со Италијанец. Сите борби ги победи со 3-0, што ја потврдува неговата одлична форма. Втор е Винченцо Пелигра (Италија), трети се Дејан Вајс (Словенија) и Димитар Димитров (Бугарија).
Димитар Георгиев (-79 кг) и Кристина Стојчевска (-57 кг) ги освоија бронзените медали. Во категоријата на Димитар златниот медал го освои Јани Лорбер (Словенија), сребрениот Сидер Иванов (Бугарија) и бронзениот е за Рафаеле Монтесано (Италија). Додека во категоријата на Стојчевска прва е Италијанката Илениа Никеле, втора е Хемани Силја од Франција, а трета е Дијана Танушај од Хрватска.
ipon.mk/В.Д.