Милан Димитриески го предводеше Меѓународниот Уечи рју Окинава карате до семинар-Охрид, Македонија 2024

Во период од 18 до 21 јули во Охрид се одржа Меѓународниот Уечи рју Окинава карате до семинар -Охрид, Македонија 2024, предводен од сенсеи Милан Димитриески, кјоши 7 дан, со асистентите сенсеи Левко Левков 4.дан (Велес доџо)  и Александар Петковиќ – 3 дан, Србија.

На семинарот учествуваа каратисти од Македонија, Србија, Грција и Германија.

На завршниот тренинг беше одржано полагање за ученички и мајсторски ДАН рангови.

„За 2.дан положи Трајче Арсов од Велес доџо, а за 1.дан Саша Петровиќ – Санчин доџо од Србија.

На полагањето беше врачена диплома која стигна од Јапонија од Окинава карате до Асоцијација за Тони Панов  за 1.дан – Окинава карате до – Велес доџо“, вели Димитриевски и истакнува:

„Голема благодарност за поддршка и реализација на семинарот до сенсеи Ѓоко Томоски од Охрид со учениците“.

Милан Димитриевски е карате мајстор кој го негува изворното карате кое се вежба на островот Окинава, од каде што потекнува оваа вештина.

Димитриевски работи во Белград, но тој е од струшко и секој слободен момент го користи да дојде во родниот крај и да ја промовира изворната вештина, а и татковината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON