Спаринг-викенд на Мила Рељиќ во Скопје со светската вице-шампионка Теопула Сарванаки (Грција) и Ива Петровиќ (Србија), број 1 на светската јуниорска ранг-листа.
Продолжуваат подготовките на Мила Рељиќ за Светското првенство во Баку, Азербејџан, на почетокот на јуни.
„Голема благодарност на тренерите Милтос Горуфидис и Владан Никодијевиќ кои ја прифатија поканата на тренерот на ТК Тигри Алескандар Ефтимов за најдобрите од Балканот (сениорки-62кг) да тренераат заедно, за да се подобри нивната форма за уште поголеми резултати“, велат од клубот.