Милијана –Мила Рељиќ со контроверзна судиска одлука не ги продолжи натпреварите на квалификацискиот таеквондо турнир во Софија, Бугарија.
„Холанѓанката Ами Минк беше поуспешна (0-2), иако во втората рунда не оштетија судиите на 0-1 водство направивме 5-1 и ни ги избришаа, но тоа е спортот“, вели тренерот Александар Ефтимов и нагласува:
„Задоволен сум од формата и можноста за Олимпијада на Мила. А нормата, за жал, не ја освоивме… одиме понатаму. Ветуваме медал на Европското првенство во мај во Белград.