Мила Рељиќ освои златен медал на „Винер Израел опен“ од Г2 серијата (ФОТО)

Мила Рељиќ освои златен медал во сениорка конкуренција до -62 кг на Меѓународниот таеквондо турнир „Винер Израел опен“ во Рамала од светската серија Г2 турнири, каде учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земја,  освои златен медал.

Да потсетиме дека Мила имаше одличен настап во јуни во Загреб, каде што освои бронзен медал.

На патот до златото Мила беше подобра и од домашната претставничка и од бронзената од последните Панамерикански игри, Мел Мина од Еквадор.
Тренерот Ефтимов најавува уште медали со Мила Рељиќ. На крај на август е Европското клупско првенство во Естонија, во септември Европско до 21 година во Албанија и во ноември во Мексико е Светското сениорско првенство.

„Мила Рељиќ се бори и за влез во Гран При серијата на турнири, а овие освоени поени ќе и ја зголемат шансата за следното Гран при во Манчестер во октомври месец.
И посакуваме успех“, вели тренерот Александар Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON