Македонската теквондистка Мила Рељиќ освои златен медал на Г1 турнирот Скопје опен кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, додека Дејан Георгиевски мораше да се задоволи со сребро.
Во категоријата -62 килограми Рељиќ оствари победи над Тамара Сево од Србија со 2-1 во рунди, над Зое Гуели од Унгарија со 2-0 во рунди и над Надја Савковиќ од Србија со 2-1 во рунди.
Со златниот медал се донесоа нови десет поени за светската и олимписката ранг листа за Летните Олимписки Игри во Париз во 2024. Следни големи натпревари ни се Светското првенство во мај во Азербејџан и Европските Олимписки игри во јуни во Полска.
Уште еден од кандидатите кој цели кон учество на Игрите во Париз е и Дејан Георгиевски кој во категоријата +87 кг загуби во борбата за златниот медал од Берат Хусејин Демирџиоглу од Турција. Инаку, Георгиевски имаше директен пласман во финалето.
Следни големи натпревари ни се Светското првенство во мај во Азербејџан и Европските игри во јуни во Полска.
На натпррварот во Скопје имаше натпреварувачи од 36 земји меѓу кои и Австралија, Америка, Бразил и брпјни светски и олимписки медалисти!!!