Мила Рељиќ остана без бронза на Европските игри

Мила Рељиќ загуби во борбата за бронзениот медал на Европските игри во Краков, Полска. Алијах Жадин Пауел од Велика Британија славеше со 2-0 во рунди (прва 16-4, втора 9-0).

Рељиќ имаше добар настап на ЕИ, за жал, не успеа да се закити со медал. Сепак, таа е перспективен борец и може да очекуваме медали од нејзе на големите натпреварувања.

Македонската таенквондистка утринава ја совлада Каролин Гјелсвик од Норвешка во првото коло со 2-0 во рунди, а попладнето е поразена од Петра Столбова од Чешка со 2-1 во рунди (на поени 0-1, 0-2, 1-2, 1-3, 2-3, 2-4, 4-4, 4-5, 6-5, 8-5, 8-7, 8-8).

Рељиќ во репасажот славеше против Кристина Гаспа од Италија 2-1 (0-2, 1-2, 2-2, 3-2, 4-2, 7-2, 8-2, 9-2, 9-3, 10-3, 11-3)

Утре се борат Анамарија Георгиевска (-73 кг) со Ника Клепац од Хрватска и Дејан Георгиевски (+87 кг) со Матија Молин од Италија.

Резултати 62 кг:
Мила Рељиќ – Каролин Гјелсвик (Норвешка) 2-0
Мила Рељиќ – Петра Столбова (Чешка) 1-2
Репасаж
Мила Рељиќ – Кристина Гаспа (Италија) 2-1
За бронза
Мила Рељиќ – Алија Жадин Пауел (Велика Британија) 0-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON