На покана на Милтос Горуфидис, тренерот на светската вицешампионка Теопула Сараванаки, нашата репрезентативка Мила Рељиќ учествуваше на спаринг-тренинг со Теопула.
„Ова беше одлична можност за Мила во подготвителниот период пред февруарските натпревари да ги одмере силите со сребрената од Светското првенство во Мексико минатиот ноември.
За да ја одржи светската форма на Мила, тренерот Ефтимов смета дека мора да се тренира со најдобрите и резултатите на Рељиќ се должат, покрај одличните тренинзи и на меѓународните спаринг кампови, како и индивидуални тренинзи, меѓу кои со светската шампионка Надица Божаниќ од Србија, 7-мо пласираната на минатата Олимпијада Фани Цели од Грција и бројни меѓународни тренинг кампови“, вели Ефтимов и додава:
„Првиот натпревар за Мила оваа сезона е веќе на 4 февруари и тоа силниот Европскиот Г2 Президенс куп во Истанбул, каде во нејзината категорија веќе е пријавена светската таеквондо елита“.
Имено, Мила Рељиќ беше 9-та на Светското првенство во Мексико, 1-ва на Европското клупско првенство и веќе има обезбедено норма за Европските игри кои ќе се одржат во јуни во Краков, Полска.