Мила Рељиќ ќе атакува на трето злато на „Скопје опен“

Денес почнува силниот Меѓународен таеквондо турнир „Скопје опен“ на кој ќе настапи светската елита, а Македонија ќе настапи со 21 натпреварувач, при што погледите се свртени кон нашите најдобри таеквондисти Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ.

Тренерот на Мила, Александар Ефтимов, вели дека активно се подговувале за за Скопје опен. Како и вчера што истакнавме Мила се бори во недела во категорија (-62кг).

„Во нејзината категорија има 17 натпреварувачки, но многу силна конкуренција меѓу кои е олимпијката Фани Цели од Грција, како и бронзената од последното Европско првенство Ивана Арелиќ од Хрватска. Тука се и останатите Хрватки Дора Мештровиќ и Лена Динковиќ кои освоија многу медали на последните Г-1 турнири“, вели Ефтимов и нагласува:

„Очекувам тешки борби и, секако, се надеваме повторно на успех. На последните два турнира во Скопје Мила освојуваше златен медал со по 3 односно 4 победи. Оваа година е доста силна конкуренцијата, но Мила е во одлична форма и очекувам во недела да го повтори успехот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON