Мила Рељиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс на ОИ

Голема борба на таеквондистката Мила Рељиќ  на Олмписките игри во Париз, ја совлада двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

Мила славеше 2-1 во рунди. Првата рунда и припадна на нашата репрезентативка 7-6 (0-2, 3-2, 4-2, 4-5, 7-5, 7-6), втората беше 4-5 за Џонс (1-0, 1-1,1-4, 2-4, 3-4, 3-5, 4-5), а третата заврши 1-1 (1-0, 1-1), но Мила имаше повеќе допири па рундата и конечната победа и припадна нејзе.

Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со удар во глава, дојде до 2-3, а потоа и до 2-4, на крајот рундата ја доби со 7-6.

Борбата се разгоре во втората рунда, овој пат притисокот беше на страна на Џонс, кој се измачи и беше подобра од Македонката со 5-4.

Во решавачката трета рунда заврши со 1-1, а крајниот резултат беше 2-1 за нашата спортиска.

Џејд е двократната олимписка, трикратната европска, светска и 10 пати Гранд при шампионка, најтрофејна во историјата на таеквондото!

Четвртфиналето е по поладне (15:45), а Рељиќ ќе се бори со Либанката Летиција Ајун.

Мила покажа како се бранат боите на Македонија и дека голем се станува само со победите над големите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON