Мила Рељиќ има потенцијал за врвен резултат на Олимписките игри

Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги претставува учесниците на претстојната Олимпијада која ќе се одржи од 26 јули – 11 август во Париз, а ние ќе ги претставиме спортистите од боречките спортови.

Мила Рељиќ ќе настапи во таеквондо.

„Мила на последните 7 турнири е освојувач на 5 медали. Ги доведе до совршенство одредени техники со кои драстично отстапува од другите натпреварувачки. Посебно со кондициската подготвеност таа е меѓу петте најдобри во светот во женска конкуренција. Последниот златен медал го освои на Европското клупско првенство (ЕП) во Тирана (Албанија)“, пишува на страницата на МОК за нашата репрезентативка и додаваат:

„И посакуваме среќа на Мила која својот настап ќе го има на турнирот кој ќе се одржи од 7 до 10 август“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON