Македонската таеквондистака Мила Рељиќ во четврток ќе дебитира на Олмписките игри во Париз, но жребот е немилосреден и во првото коло силите ќе ги одмери со Британката Џејд Џонс, олимписка шампионка. Но, Олимпијадата е мегдан за сите и за храбрите, а нашата репрезентативка тоа го докажала досега. Веруваме дека и во четврток ќе влезе максимално мотивирана за голем успех.
„Подготовките се движат одлично. Мила е во одлична форма. Се прилагоди на олимпиското живеење. Се бори во четврток од 12:00 часот против Британката Џејд Џонс. На Џејд Џонс овае и е 4-та олимпијада, а веќе има 2 златни медали и неколку светски и европски одличја, како и 10 гранд при златни медали. Се работи за искусна и една од најдобрите таеквондостки, но на Мила формата е одлична и верувам дека можеме да ја победиме“, вели тренерот Александар Ефтимов и нагласува:
„Ќе дадеме се од себе да направиме најдобар резултат“!