Милијана Рељиќ (-68 кг) во јуниорска конкуренциа обезбеди бронзен медал на „Президенс купот“ во Хелсинборг, Шведска,од Е2 серијата.
Мила извојува две победи над противнички од Грција и Шведска, а во полуфиналето загуби од светската вицешампионка, Американката Алена Вијана 1-5. Во првото коло ја победи Марија Цоли од Грција со 9-1, во четвртфиналето Фрида Сјоберг од Шведска.
Александра Крстиќ се бореше против Гркинка, а вчера кадетот Виктор Петковски не успеа да го помине прво коло против извонреден Французин кој подоцна освои бронзен медал.
На овој турнир учествуваат над од 1500 натпреварувачи од целиот свет.