Тројца млади македонски боксери ќе настапат на силниот Меѓународен боксерски турнир „Војводинска ракавица“ од 11 до 16 јули во Суботица, Србија.
За Македонија ќе настапат Бобан Мијалев, Хурмет Јонузи и Серген Демиров предводени од тренерите Насер Харуни и Илија Младеносвки.
На Војводинска ракавица, кој е во календарот на АИБА, ќе настапат боксери од 22 држави, како Русија, Казахстан, Франција, Германија, Аргентина и сите репрезентации од регионот. Ова доволно зборува за јачината на турнирот.
Со репрезентативците ќе патува и судијата Стефан Цубалевски.
Ipon.mk