Михаела Мишовска со најголемиот успех во кариерата, освојувањето на сребрениот медал на Европското карате првенство за сениори во Задар, Хрватска, е номинирана за Спортистка на годината во организација на Министерството за спорт. Изборот е на 25 декември во Скопје.
Во финалето Мишовска загуби од Хрватката Ема Сгардели 0-8 (0-1, 0-3, 0-4, 0-7, 0-8).
Сепак, ова беше голем успех за Мишовска и за македонското карате.
Резултати на Европско првенство:
Борби, жени
-50 кг
Михаела Мишовска – Ерминија Пефето (Италија) 7-7
Михаела Мишовска – Маријами Васадѕе (Грузија) 5-4
Михаела Мишовска – Корал Амос (Израел) 2-2
Полуфинале
Михаела Мишовска – Стилијани-Елени Цилија (Грција) 4-1
Финале
Михаела Мишовска – Ема Сгардели (Хрватска) 0-8
Карате федерација на Македонија доби ниминации во следните категории:
-Спортистка на годината – Михаела Мишовска;
-Млад спортист на годината – Стефан Стојановиќ;
-Најуспешен национален тим – машки кумите тим за учесвото на Светскиот куп во Шпанија;
-Најуспешен тренер/селектор – Александар Кузмановски;
-Најуспешна НСФ – Карате федерацијата на Македонија.