Миха Зиков зачекори во ММА борбите со победа на настан во Англија

Миха Зиков (17) од клубот Флоу џиу џитсу, Кинетикс фајт академија на 2 ноември (сабота) го имаше првиот аматерски ММА меч на елитниот и светски престижен настан Фужн чемпионшип во Англија.

Наспроти себе имаше поискусен и повозрасен противник Вахуб Али (24) од Англија со скор во аматерски ММА борби 4-2-0.

Зиков во втората минута од втората рунда успешно зададе неколку удари и го заврши противникот со задушување од позади.

„Голема благодарност за тренерот Марјан Зиков, Марк Хобс, Том Грин, Флин Донован, Александар Петковски, Тамара Димитровска и сите кои беа дел од неколку месечните напорни подготовки за оваа ММА борба.

Ова е одлична слика на претставување на државата и клубот преку врвни прикажани квалитети во борба на силната меѓународна сцена за мешани боречки вештини во Англија“, истакнуваат од кулубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON