Миа Танеска златен медал, Христијан Шибакоски бронзен на „Плевен опен 2024“

Македонските традиционални таеквондистите викендов (сабота) освоија златен и бронзен медал на Меѓународниот турнир „Плевен опен 2024” за деца до 14 години.  

Од четирите избраници на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) со златен медал се закити Миа Танеска, а со бронза Христијан Шибакоски.

„Миа Танеска, минатогодишната шампионка од Плевен опен 2023, и оваа година доминираше во својата категорија во конкуренција 13 натпреварувачки. Таа извојува три победи до врвот на пиедесталот, а во финалето славеше со технички нокаут, со што покажа дека е една од најперспективните натпреварувачки во нашата федерација“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски и додава:

„Христијан Шибакоски (-49 кг) трето место во борби во категоријата 10-11 години. Тој доминираше во своите борби, но поради неговото искуство, за жал, загуби во пулуфиналето од преставникот на Бугарија“.

На Плевен опен учествуваа околу 180 натпреварувачи од 22 клубови.

„Иако сите не се искачија на победничкиот пиедестал, не смееме да го заборавиме и Давид Ристески, кој поради лошата настинка овој пат не се искачи на пиедесталот. Исто така, Даријан Китаноски покажа голема борбеност, но, за жал, загуби со тесно водство против во првата борба“, вели Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО