Карате клубот Металург се покажа како апсолутен владетел на Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година освојувајќи 20 медали (13 златни – 1 сребрен – 6 бронзени), во сите конкуренции. Второпласираната екипа Ронин освои 11 медали (3-2-6), кој за разлика од Металург, доминираше во кати.
Во борби за јуниори до 21 година мажи првото место им го однесе само Мартин Стојменов (-60 кг) од Партизан –Кочани, а членот на Металург, Давид Петков, беше втор. Шампиони на Македонија станаа: Адил Мехмед (67 кг, а Дамјан Тасевски е трет), Азиз Исмаил (-75 кг), Виктор Крстевски (-84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг, Филип Коцевски е трет). Драгана Тодорова во +68 кг беше прва, а Христина Петковска трета.
Во јуниорска конкуренција имаа учинок 50-50, однонсно од шест категории први места освоија во три, и тоа: -61 кг Роберто Ацковски, 68 кг Стефан Костиќ и +76 кг Петар Спасеновски, додека Дамјан Кузмановски е трет во -76 кг.
Исто така и јуниорките Драгана Манговска (-48 кг) и Сара Крстевска (-59 кг) триумфираа во своите категории.
Металург е победник и во борби екипно и за мажи и за жени.
„Најслаби“ беа во кадетска конкуренција бидејќи во машка конкуренција освоија само еден златен медал – Филип Несторовски (-70 кг).
На Плеј-оф првенството очекуваме уште поинтересни борби, бидејќи ќе се борат за место во репрезентацијата за Балканското првенство, кое, пак, ќе биде последниот филтер за Европското првенство во февруари во Кипар.
Ipon.mk/В.Д.