Металург најуспешна екипа на „Никола Грдановски-Нике„ (ФОТО)

filip-nestoorvski-nike-2016

Екипата на КК Металург е најуспешна на Меѓународниот карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ со освоени 25 медали, од кои 14 се златни, 4 сребрени и 7 бронзени.

mirce-so-petar-avramov

На второто место е екипата на Фунакоши Гичин со вкупно 18 медали (10-5-3), трет е Урбан инвест 20 (8-5-7), четврт Макпетрол 11 (4-4-3), а на пето место се гостите од Црна Гора КК Бијела 9 (2-4-3), потоа следуваат Професионал 9 (3-2-4), Партизан Кочани 9 (2-2-5), Кеикс 7 (4-0-3), Башкими 2002 7 (2-3-2), Маваши 8 (2-2-4) итн.

dimitar-i-filip-na-nile-2016

Во најатрактивната категорија за јуниори +76 килограми Флип Несторовски го покажа својот талент и го потврди репрезентативниот статус. Најтешката препрека ја мина во првото коло, односно се сретна со својот стар познаник Димитар Јакимов од Партизан Кочани, во втората борба салвеше против каратист од Љуботен, а во финалето го совлада Кренар Џафери од Шкендија.

nike-2016

На турнирот учетсвуваа 32 клуба од Македонија, Црна Гора и Србија, а организаторот КК Металург беспрекорно си ја заврши работата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON