Денеска во Скопје се одржа Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори У-21 на кое се обезбедија места за Балканското првенство во Сараево, кое со Државното и Кроација опен ќе биде критериум за обезбедување место во репрезентацијата за Европското првенство во Софија во февруари 2017 година.
КК Металург и овој пат беше неприкосновен на Држаното првенство и беше најдобрата екипа во севкупниот пласман со 10 златни медали, 4 сребрени и 2 бронзени.
1.Сара Крстевска – златен медал, У-21 -61 кг
2.Драгана Манговска златен медал јуниорки -48 кг
3.Марија Петровска златен медал кадетки -54 кг
4.Петар Спасеновски златен медал У-21 -84 кг
5.Семир Сека Ќосовиќ златен медал У-21 +84 кг
6.Давид Петков златен медал У-21 -60 кг
7.Филип Несторовски златен медал јуниори -76 кг
8.Александар Неделковски златен медал кадети кати машки
9.Иво Мишачковски златен медал кадети -70 кг
10.златен медал за кадетско-јуниорска екипа во кумите – машки
11.Давид Саревски сребрен медал кадети -70 кг
12.Усаме Бајрами сребрен медал јуниори -63 кг
13.Глигор Петков сребрен медал кадети -57 кг
14.сребрен медал за кадетско-јуниорската екипа во кумите – женски
15.Стефан Костиќ бронзен медал У-21 -75 кг
16.Филип Коцевски бронзен медал У21 +84 кг
„Продолжуваме со исто темпо и очекуваме резултати и на претстојното Балканско првенство. Уште еднаш честитки за сите, се покажавме во одлицно светло“, велат од Металург.
КК Кеикс освои три златни, два сребрени и еден бронзен. Златни медали освоија европскиот шампион Вероника Костовска (-59 кг) јуниори, Азра Цури (-53 кг) јуниори и женската екипа во борби, Ана Тошевска (-50 кг) У-21 освои сребрен медал, Антонио Митев (+84 кг) У-21 и Горјан Станковски (-83 кг) У-21 бронза.
Кај Макпетрол со златен медал се закитија: Моника Пендароска(-53 кг) У-21, Ангела Мојсовска (-68 кг) У-21, Петар Заборски (-75 кг) У-21), Кристјан Белокоси (-84 кг) У-21 сребрен, Даут Рамадани (-63 кг) јуниори сребрен, Абдурахим Идризи (-52 кг) и Теа Крстевска (-47 кг) кадети бронзени.
Каратистите на Олимпик спорт беа на висината на задачата, Столе Смилковски 9-55 кг), Фаик Весели (-61 кг) во јуниорска конкуренција ги освоија златните медали и Марио Свинарски (-52 кг)во кадетска конкуренција. Емилија Јаниќ (-59 кг) и Марко Костов (-68 кг) јуниори и машкиот тим во борби се закитија со сребрениет медали, додека Сара Илиевска (+59 кг) јуниорка, Марија Милева (-47 кг) и Мики Живков (-70 кг) кадети и женскиот кумите тим освоија бронзи.
Партизан Кочани освои сребрен и бронзен медал. Мартин Стојменов (-60 кг) сребрен во У-21 и Димитар Јакимов (+76 кг) бронзен јуниори.
За Башкими 2002 медали освоија: Лирим Емини (-52 кг) кадет второ место, Лирим Бајрами (-57 кг) кадет прво место, Албан Јахији (+76 кг) јуниор второ место и Шкелким Рамадани (- 60 кг) У2-1 трето.
Кај Форца Сајра Морина (+54 кг) кадети го освои златниот медал, а Марко Бунтески во кати сребрениот, додека Верона Ајдини бронзен.
КК Тигар 2003 Тетово – Сандра Спасовска (-54 кг, кадет) 3 место, Дора Сибиновска (-59 кг, јуниор) 2 место, Симона Симовска (+59 кг, јуниор) со победите над Ана Савиќ, Сара Илиевска и Емилија Јаниќ се закити со златниот медал. Екипата кадети-јуниори во состав Симовска, Спасовска и Сибиновска го освои третото место.
КК Ботони- Диме Илиевски (-67 кг) шампион У-21.
Бесник Кадриу – Куштрими бронза кадети.
Љубомир Давитков (-63 кг) кадети бронза – КК Кочани.
Едвин Омераагиќ (-76 кг, кадети) злато – Јошитака.
П.С. Вака ги објавуваме резултатите поради тоа што КФМ не сака да ги доставува резултатите и косистемите, кои се од корист на сите. Почитувани читатели, ние ќе се обидеме да ви обезбедиме што покомплетна информација.
Ipon.mk/В.Д.
.