Дел од македонските клубови ги почнаа подготовките за историските Олимписки игри во Токио 2020 година кога каратето ќе дебитира на олимпијадите. Од искуство, Металург, а и клубовите што му се придружија, знаат како се стигнува до медалите.
Во организација на Карате клубот Металург е поканета бугарската карате репрезентација во салата на клубот да одржат заеднички тренинзи и да разменат искуства и идеи, кој е во тек, а вечерва ќе има и натпревар. Загревањето го направи еден од најдобрите македонски каратисти, Мартин Несторовски.
На заедничките тренинзи се придружија и клубовите Макпетрол, Кеикс, Ботони и Јошитака, клубови кои освојувале медали за Македонија и кои имаат најголемо учество во репрезентативниот состав на нашата земја.
Само вака може да се стигне до посакуваниот успех – учество на Олимпијадата во Токио и освојувањето на историски медал за Македонија.
Ipon.mk/В.Д.