Металург доминатен во машка конкуренција, Јанушевски вели дека изборот на репрезентацијата е напорен

Карате клубот Металург  освои 13 медали на Државното карате првенство за сениори од кои 5 се златни, 3 сребрени и 5 бронзени и во генералниот пласман по бројот на освоени медали е на втората позоиција зад Макпетрол со 12 (5-5-2).

Сепак, треба да се нагласи дека Металург е доминатнен во машка конкуренција во борби со две шампионски титули во поединечна конкуренција на Азиз Исмаил (-75 кг) и Мартин Несторовски (+84 кг) и шампионската титула во екипна конкуренција, како и вице шампионската титула на Петар Спасеновски (-84 кг), а со бронзи се закитија Горан Николовски (-60 кг), Ико Ташов (-67), Иво Цветковски (-75 кг), Виктор Крстевски (-84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг).

Да потсетиме дека злани медали освоија и женската екипа во кати и Драгана Тодорова (+68 кг).

Тренерот на Металург, Мирче Јанушевски, вели дека од 13-те пријавени натпреварувачи имале и фаворити.

„Ова само е прв дел. Да видиме како ќе поминеме на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам и Балканското првенство за сениори во Србија кои се дел од критериунските натпреварувања за место во репрезентацијата за Европското првенство. Треба да ги обезбедиме првите места од Државното првенство а другите со помош на овие два турнира да успеме да изненадиме подобрите на домашниот шампионат кои беа подбори од нашите натпреварувачи.

Во машка конкуренција категориите се јаки. Давид Петков беше повреден на ЕП за кадети, јуниори и Јуниори 21 и не можеше да се бори, а во тешките категории имаме две први места, а во -84 кг ќе гледаме Петар Спасеновски, кој беше втор, да  избори место во репрезентацијата за Европското“, вели Јанушевски.

Според него, за минатото првенство имале подобри подготовки, а сега нема прифатена програма за тренирање на репрезентативните кандидати, за што вели дека не е добро. Тој истакнува дека ако се преземат мерки на клупско да се оди некаде настрана и да се тренира, тоаш ќе бидат санкционирани од Федерацијата. Мирче вели дека тоа е повод за да се казни клубот прекршител, а без контрола не се оди на натпревари.

„Многу е тешко во еден месец да имаме топ форма, бидејќи до сега беа под полн напор поради Државното. За Ротердам ќе патуваме со минибус, а натпреварите почнуваат од петок, тоа е напорно. Потоа нема за помалку од една недела патуваме на Балканското првенство. Треба да ја задржиме формата за да напрват резултат. Наместо да следиме некои други примери, ние го избравме потешкиот пат. Хрватите изборот го решаваат на изборно првенство, а потоа ја темпират формата за големите натпреварување“, потенцира тренерот на Металург.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски ја оспори титулата на Азиз Исмаил во категоријата – 75 кг, велејќи дека во финалниот меч меѓу Петар Заборски и Азиз Исмаил се досудени два поени кои не постоеле. Тие судиски одлуки го промениле резултатот, иако Петар Заборски повел со 1-0, конечниот резултатот бил 2-3.

„Победата на Азиз е чиста и заслужена. Петар водеше, а потоа Азиз освојуваше поен по поен. Исмаил е многу концентриран и добар борец“, категоричен е Мирче Јанушевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON