Најновиот шампион на УФЦ во бантам категорија Мераб Двалишвили котира високо откако го победи Шон О’Мели и ја освои титулата пред неколку недели во Лас Вегас.
Двалишвили живее и тренира во САД, но е од Тбилиси, Грузија. 33-годишниот шампион неодамна се врати во татковината, каде беше пречекан од илјадници фанови. На социјалните мрежи УФЦ прикажа видео од пристигнувањето на Двалишвили на аеродромот и учеството на парадата која привлече огромна толпа.
Двалишвили, кој направи 11 полседоватлени победи на патот да стане шампион во бантам категорија, е еден од двајцата активни шампиони на УФЦ од Грузија. Актуелниот шампион во перолесна категорија Илија Топурија ќе го брани појасот против Макс Холовеј кон крајот на октомври на УФЦ 308. А, не е познато Двалишвили против кого ќе ја брани титулата.
Се чини дека фаворит е непоразениот Умар Нурмагомедов, кој доаѓа по победата со одлука во август над Кори Сандхаген. Мераб сега се предаде на славата во татковината која го израдува со подарок од 1 милион грузиски лари (околу 367.000 долари).
Вака го пречекаа Мераб во татковината:
Merab Dvalishvili receives an incredible welcome home to Georgia 🇬🇪🏆
— MMA Orbit (@mma_orbit) September 30, 2024