Менаџерот на Вајлдер прогонзира негово враќање

Барем до март Дионтеј Вајлдер ќе одмора. Ова за „World Boxing News“ го соопшти неговиот менаџер Малик Скот. Последната средба на „Бронзениот бомбардер“ беше на 10 октомври 2021 година во пресметката за светската титула против Тајсон Фјури, кога Американецот загуби со нокаут во 11. рунда.

Скот предвидува дека Вајлдер ќе се врати во следните неколку месеци и најверојатно ќе се бори некаде напролет.

„За неколку месеци ќе влезе во трениг-камп и ќе се бори. Мислам дека треба да се вратиме на подготовките пред март и да се бориме во мај“, рече Скот.

Менаџерот појаснува дека не може да се ангажира со конкретни датуми, бидејќи се зависи од опоравувањето на боксерот.

Самиот Вајлдер навестува дека сè уште има измешани чувства за неговиот крај и не е сигурен дали воопшто треба да оди напред.

„Дали да продолжам понатаму? Дали треба да се обидам повторно? Или треба да се повлечам и да се фокусирам на другите работи што веќе ги имам. Други работи во кои сакам да навлегувам?“, рече Вајлдер во шоуто на комичарот Кевин, „Ладно како мадиња“.

Сепак, Скот верува дека Вајлдер ќе се врати барем на уште еден меч. Неговото официјално отстранување од Невада истекува на 8 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON