Менаџерот на Усман: Расистот Колби е подвижен труп

Менаџерот на Камару Усман, Али Абделазиз, смета дека е прашање на време кога шампионот во полусредна категорија на УФЦ ќе ја заврши расправијата со Колби Ковингтон.

Усман очекува реванш со Ковингтон пред крајот на годината, а Абделазиз потврди дека договорот е пред потпис.

Не е тајна дека ниту Усман ниту Абделазиз не се обожаватели на Ковингтон. Тие дури беа во центарот на вниманието во улична тепачка пред две години.

„Тоа е борбата“, рече Абделазиз и додаде: „Последниот пат кога се бореа Усман ја скрши вилицата. Во оваа борба, се надевам дека ќе ослепи или ќе му се случи нешто лошо, бидејќи тој е многу гаден човек. Тој е исто гомно како Конор. Тие се исти. Тој е расист. Ги навредува религиите на луѓето. Ги навредува нивните жени. А, овој човек тренираше со нас, се потеше со нас, јадеше со нас. Како може да каже лоши зборови за своите соборци?

Последен пат кога се видовме, тој повика полиција. Сега тој ќе изеде многу слама и нема да може да оди година-две, бидејќи е просечен борец. Усман лошо ќе го повреди“.

Ковингтон беше можеби најтешкиот противник за Усман во неговите битки за шампионската титула. Потоа, сепак, Нигериецот покажа многу подобрувања, победувајќи ги Жилберт Барнс и Хорхе Масвидал.

„Камару Усман е најдобриот ММА борец во моментов. Ја расчисти целата категорија. Сакам да го видам и во средна категорија. Знам дека е пријател со Израел и нема да сака да се бори со него, но ако Израел престане да биде шампион, мислам дека Камару заслужува да се обиде во средна. Тоа е она што го сакам. Да биде шампион во две категории и мислам дека може да го стори тоа.

Колби е мртов. Тој е труп. Часовникот отчукува и ќе го добие она што го заслужува со многу насилство. Камару Усман не е истиот борец како во нивната претходна битка. Тој е многу подобар“, рече Абделазиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON