Менаџерот на Усик лут: Фјури е кукавица и се плаши од пораз

Мечот за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик е одложен за 18 мај во Саудиска Арабија.

Бидејќи Кралот на Ромите досега двапати ја одложуваше борбата против Украинецот (првиот пат поради исцрпеност по дуелот со Нгану на крајот на октомври минатата година и сега кога доби расекотина над десното око за време на спарингот со Смакиќи), организаторите на настанот вметнале клаузула во договорот следниот кој ќе го откаже натпреварот да плати десет милиони долари.

Менаџерот на Усик Егис Климас се уште е разочаран од откажувањето на настанот што требаше да се одржи во Ријад следната сабота и не го крие бесот кон британскиот тешкаш.

„Тајсон Фјури е кукавица која ќе направи се за да избегне меч против Усик. Бараше некој да го удри со тава по глава. И кога му кажав на Александар како Фјури се повреди и ја откажа борбата, тој само се насмеа. Ментално е многу силен“, истакна Егис Климас и додаде:

„Фјури е професионалец и многу пати бил во рингот. Не се плаши од Усик, туку од пораз. Само нема да признае, но веројатно се чувствува како да загуби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON