Љубителите на боксот се надеваат дека борбата за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик се уште може да се организира.
Последните разговори кои се водеа на почетокот на годината завршија во ќорсокак. Украинецот се повлече од преговорите по постојаните барања на Фјури.
Но, неодамна повторно кружи приказната за можен меч за обединување на титулата, а Спенсер Браун, менаџерот на Џипси Кинг, како гостин во емисијата „Борба со Теди Атлас“ изјави дека нешто се уште се случува во врска со големата борба.
„Не можам да откријам што се случува во моментов, но ако имате список со божиќни желби со една борба што сакате да ја видите во тешка категорија, тоа може многу лесно да се случи“, рече Спенсер Браун, додавајќи:
„Можам само да кажам: Саудијците ќе ни го разубават Божиќ“!