Менаџерот на Вајлдер: Не ни е проблем да дојдеме во Британија за борбата со Џошуа

Менаџментот на Дионтеј Вајлдер и понатаму се надева на позитивен исход од преговорите за борбата со Ентони Џошуа.

Откако промоторот на Ентони Џошуа Еди Херн прва испрати понуда од 12,5 милиони долари, што веднаш беше одбиена, Ентони Џошуа рече дека ако Вајлдер му понуди 50 милиони американски долари, веднаш ќе ја прифати борбата.

Американската страна испрати понуда со тој износ, но Британците сега инсистираат на тоа борбата да се одржи на нивен терен.

Шели Финкел, еден од менаџерите на Вајлдер, се надева дека борбата може да се случи до крајот на оваа година.

„Минатиот петок во Њујорк се сретнав со таткото на Еди, Бери,и тоа беше добар состанок. Се надевам дека ќе ми се јави оваа недела и дека може нешто да се направи во врска со борбата за наесен. Јас сум оптимист“, изјави за ЕСПН.

„Се уште има пат што треба да го поминеме, но се надеваме дека ќе ја видиме борбата оваа година. Борбата во Велика Британија не е пречка што се однесува до нас“.

„Ако се договориме околу борба, местото на одржување нема да биде проблем. Не ни е проблем да дојдеме во Британија. Тоа никогаш и не било проблем. Дионтеј никогаш немал проблем со тоа“.

Страната на Џошуа порачува дека работата мора брзо да резултира, бидејќи се многу блиску до договор за борбата со Александар Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON