Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов Али Абделазиз изјави дека според него Конор Мек Грегор не верува дека може да победи во реваншот против „Орелот“.
Уште во октомври 2018 година Нурмагомедов успешно го одбрани својот златен појас во УФЦ против ирската спортска суперѕвезда. Граплингот на Орелот се покажа преголем залак за Конор и тоа доведе шампионот до го победи со задушување од зад грб за време на четвртата рунда.
Менаџерот на Хабиб тврди дека Мек Грегор не сака реванш. Абделазиз објасни дека стравот на Мек Грегор не му дозволува повторно да се сретне со Хабиб.
„Конор Мек Грегор не побара равнш. Не сака да слушне за реванш со Хабиб. Неговиот татко не сака. Неговата мајка не сака. Неговите деца. Неговата сопруга. Цела Ирска. Дури и не сакаат да го видат зборот „реванш“. Се плашат. Страв ја фати Ирска. Не сакаат да видат нешто што започнува со „X““.
Нурмагомедов во моментов ја издржува казната од Спортската комисија на Невада. Тој може да се врати во октагонот во април, ако се согласи да учествува во кампањата против физичко и психичко вознемирување. Ако одбие, ќе мора да го чека зеленото светло до јули. Мек Грегор нема право да се бори до април.
Двајца од соборци на Нурмагомедов, Абубакар Нурмагомедов и Зубаир Тухугов кои начетаа на Конор во кафезот нема да имаат право да се вратат до октомври. Нурмагомедов рече дека не сака да се бори додека Абукарак и Тухуго не им помине казната.
https://www.youtube.com/watch?v=stc_Ax-exPw
.