Менаџерот на Андре Ворд, Џејмс Принс даде изјава која сигурно ќе предизвика полемики во цел свет.
Неколку часа пред дуелот меѓу Сергеј Ковалев и Андре Ворд во Лас Вегас, Принс изјави дека „најдобрите од Русија не можат да ги победат најдобрите од САД“, без разлика за која сфера станува збор.
Џејмс Принс прогнозира дека Ворд ќе му одржи лекција на „Krusher“ Ковалев.
„Ќе го посочам слонот во собата … станува збор за Русија против САД. А според мое мислење, најдоброто од Русија не може да го победи најдоброто од САД, во ништо. Имаме борец од Русија и го почитуваме. Тоа е голем борец, кој потсетува на Голијат. Но тука е и мојот човек Андре Ворд, кој во случајот е Давид. Не мислам дека ја разбирате историјата на Давид и Голијат. Но ако во сабота навечер гледате, ќе ги видите Давид и Голијат во современ варијанта“.
„Ковалев ќе се бори со Синот на Божји – Андре Ворд. Немаме меч со кој ќе отсечеме главата на Голијат, но кога ќе дојде саботата, Андре ќе му ја обработи главата до таков степен што ќе му бидат потребни алатки за да ја среди“.