Хабиб Нурмагомедов и неговиот менаџер го коментираа решавањето на правните проблеми на Конор Мек Грегор.
Ирецот се спогоди во врска со тужбата за предизвикување нереди на настанот на УФЦ во Њујорк во април и може да продолжи да се бори, а и непречено да се движи.
„Драго ми е што не заврши во затвор, бидејќи во спротивно не би можел да го казнам“, изјави шампионот во лесна категорија за MMA Џанки.
„Сега треба да го донесе сојот ирски тим во МСГ во ноември и да завршиме работа“.
Менаџерот Али Абделазиз рече: „Нема повеќе приказни. Ова е сега шоу на Хабиб. Искрено, мислам дека Конор би бил побезбеден во затвор. Ако дојде до оваа борба, лицето кое ќе изавршува општествено-корисна работа е Хабиб, кој ќе го претепа за луѓето“.
https://www.instagram.com/p/Bls967cnVTv/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
.