ММА борецот, Конор Мек Грегор се разбесна по веста дека во Ирска со траект пристигнали стотици Англичани. Силно распали по Владата на Ирска која дозволува неодговорно однесување, односно влез на туристи во Ирска.
„Не можете на некои да ги молите да се придржуваат на мерките и да ги казнувате, а на други да им дозволувате се и сешто. Стотици лица пристигнаа на одбележување на велигденските празници викендов, а други се казнуваат зошто прошетале малку подалеку од своите домови. Тоа нема смисла. Ако е така, јас сега одам во Блекпул, ако мора така да играме“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.