Мек Грегор по пресудата повтори дека не се чувствува виновен затоа што интимните односи со жртвата наводно биле со согласност.
Судот му нареди на Мек Грегор да ѝ исплати отштета од 250.000 евра на силуваната девојка, но тоа е само почетокот на проблемите затоа што Ирецот и за судиски трошоци ќе треба да плати околу 1,5 милиони евра.
Тој, исто така, се соочува со потенцијално непочитување на судските обвиненија, откако членовите на поротата што ја донесоа одлуката ги нарече „кенгури“.