Конор Мек Грегор повторно се предомисли за потенцијална борба против КСИ, откако претходно изјави дека не е заинтересиран да се бори со jутјуберите кои се обидуваат да градат боксерска кариера. Во август минатата година Ирецот ја предизвика интернет ѕвездата родена во Лондон на боксерски меч, по победата на Џошуа против Хелениус во О2 aрената во Лондон. КСИ и Мек Грегор беа присутни на настанот, а поранешниот шампион на УФЦ упадна во рингот велејќи:
„Знам дека КСИ е во публиката и гарантирам дека нема да може да ги подготви (анг. Box/ кутија) јајцата дури и да работи во фабрика за кутии за јајца (анг. Boxing/ бокс). Но, ќе му дадам шанса, ако сака може и меч со голи раце“.
Недолго потоа, 35-годишниот „Ноториус“ ја повлече својата понуда, кога за Мирор изјави дека неговото именување е шега.
„Само малку се шегував“, рече Мек Грегор.
Во целата приказна се вклучи и друго име. Томи Фјури, полубратот на Тајсон Фјури, го победи КСИ со мнозинска одлука кон крајот на минатата година, а се чини дека Томи е заинтересиран и за боксерски меч против „Озлогласениот“, кој еднаш го замени октагонот за боксерскиот ринг за да се соочи со Флојд Мејведер.
„Го видов Џејк Пол како се бори со Тајсон, си помислив зошто јас и Мек Грегор да не бидеме следните? Ми треба борба и би сакал во рингот да ме дочека , контактирај ме“, изјави Томи Фјури за ДАЗН.
И покрај профитабилниот договор на Конор со УФЦ кој може да го спречи да се врати во рингот, Мек Грегор сега покажува интерес за борба против КСИ, како и за Томи Фјури.
„Знаете, би рекол дека Јутјуб глупаците го гледаат ова како споредна работа. Го поздравувам тој меч, никогаш нема да кажам не.
Томи Фјури ме прозва вчера, а тој ги победи Џејк (Пол) и КСИ, и сето тоа е како мал посебен свет, нели? Отворен сум за сето тоа“, изјави Мек Грегор за Сник пик ТВ.
Имаше гласини дека Ирецот би можел да се врати да се бори на УФЦ 300, но сите тврдења беа отфрлени откако Дана Вајт откри дека главната борба на вечерта ќе биде одбраната на титулата во полутешка категорија на Алекс Переира против Џамахал Хил. „Ноториус“ почна да најавува враќање во кафезот по тригодишна пауза, но се уште чекаме официјална потврда за неговото враќање.