Мек Грегор за Махачев: Гнасната кучка повторно има стафилококa

Фотографијата на Ислам Махачев од неговата фотосесија пред борбата на УФЦ 302 беше доволна за да го доведе Конор Мек Грегор во бес. Мек Грегор, кој не е лекар, верува дека идентификувал стафилокока инфекција на левата потколеница на Махачев. „Озлогласениот“ објави неколку објави, со кои го навредува Махачев и вели дека тој и неговиот тим се гнасни.

И покрај критиките, Мек Грегор додаде прогноза дека Махачев сепак ќе ја добие борбата за титулата на главниот настан на УФЦ 302 кој се одржува викендов во Њу Џерси. Конор напиша дека Ислам ќе го победи Дастин Пориер во првата рунда од нивната борба. На кој начин ќе дојде победата за Махачев? Ирската ѕвезда верува дека тоа ќе биде со заврфшница.

„Повторно стафилокока. Овој производ на инцест живее со стафилококи. Овој тим е заразен, не правете грешка. Валкани пи*ки. Како и да е, тој би го победил Пориер со завршница во првата рунда.

Ми се гади од овие гнасни ку*ви. Измијте се по ѓаволите! Измијте ја облеката! Измијте ги душеците! И правете го тоа секој проклет ден. Валкани пи**и“, напиша Мек Грегор, а потоа ги избриша објавите.

Очигледно, Дагестанците ќе му ги трујат мислите на Мек Грегор до крајот на животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON