Мек Грегор за Хабиб: Слушнав дека сега е придружник во Дубаи

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории, Конор Мек Грегор, ја коментираше веста за замразнуњето на банкарската сметка на поранешниот шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

Неодамна, каналот Маш на Телеграм објави дека Федералната даночна служба (ФТС) на Русија ги запленила сметките на Хабиб поради долг од 297 милиони рубли. Самиот Русин се уште не ја коментирал веста. Сепак, ова го коментираше Мек Грегор, кој изјави дека Хабиб најверојатно е скршен и сега го продава своето тело во Дубаи.

„Сметките се замрзнати и во бегство. Ако го видите, понудете му да прави склекови за пари. Слушнав дека сега е придружник (ескорт) во Дубаи“, напиша Мек Грегор на својата страница на социјалните мрежи.

Нурмагомедов и Мек Грегор се сретнаа во кафезот на УФЦ во 2018 година. Двајцата беа предводници на УФЦ 229, каде Нурмагомедов победи со завршница во четвртата рунда. Нивната борба сè уште го држи рекордот за највисока заработка на ММА борба во историјата на УФЦ. Пред само неколку дена Конор искористи уште една шанса да го навреди Хабиб.

Специјалците во Русија упаднале во салата на Дагестан затоа што таму тренирал терорист. Конор потоа изјави дека ќе слави по смртта на Нурмагомедов. Постојано се трупаат темни облаци за Дагестанецот, а Мек Грегор само им става сол на раните.

https://twitter.com/knuckles_stan/status/1807803045738123487

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON