Конор Мек Грегор го менува пристапот и психологијата пред трилогијата со Дастин Пориер.
На УФЦ 257 Пориер забележа нокаут победа во второто коло над Ирецот. Сега двајцата имаат по една победа со нокаут, што има смисла за трет меч. Според тренерот на Конор, Џон Каванаг, целта е да се одржи битка налето.
„Тој е одлично расположен. Се радува и се надеваме дека борбата ќе се одржи налето”, рече Каванаг и додаде: „Треба да сфатиме како да се справиме со ударите. Уверени сме дека најдовме решение. Тој изгледа одлично во секој друг аспект. Сакаме реванш и мислам дека ќе го направиме тоа”.
Пред трилогијата, најголемото прашање е дали Конор ќе може да се одбрани од лоукиковите кои го уништија во последната битка. Каванаг смета дека нашле решение.
„Треба да ги поправиме овие технички детали, но не треба да поправаме сè друго. Концентрирани сме само на мал дел. Нема да влеземе со психата на боксерите, туку со психата на ММА борците.
Конор е познат по неговата подвижност, способност да ги менува позициите. Повторно ќе се вратиме на тоа. Тој има сè во себе. Не треба да учи нови вештини, туку повторно да ги пронајде.
Веќе го започнавме овој процес. Затоа би било одлично пак да се бориме налето, можеби во живо во Вегас пред 20 000 гледачи, ако светот повторно се отвори“.
Сепак, во моментов нема официјален трет меч меѓу Мек Грегор и Пориер. Но, сосема е можно да го видиме налето.