По последниот пораз од Дастин Пориер Конор Мек Грегор објави дека заврши со имиџот на добро момче и го одржа својот збор, носејќи ја војната на ново ниво.
Ирецот започна со испраќање навредлива гласовна порака до својот противник.
„Дастин, идиоту, те следам“, напиша на Твитер Мек Грегор.
Поранешниот шампион на УФЦ во две категории тогаш вклучи посериозна артилерија објавувајќи снимка од екранот на која се гледа дека сопругата на Дастин Пориер сака да разговара со него на Инстаграм.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 6, 2021
Профилот навистина и припаѓа на Џоли Пориер, но не е познато дали таа навистина испратила порака до Мек Грегор, бидејќи е многу лесно да се фалсификува. Покрај тоа, пораката можеби е испратена во време кога Ирецот требаше да донира петстотини илјади долари во добротворната фондација „Пориер“.
Сепак, Мек Грегор очигледно го искористи ова со навестување, обидувајќи се да го навреди својот противник пред одлучувачкиот меч, кој ќе го предводи УФЦ 264 во Лас Вегас на 10 јули.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 6, 2021