УФЦ 194 ќе биде еден од најголемите настани во историјата на УФЦ организацијата. Настанот вклучува меч за титулата во средна категорија меѓу Крис Вајдман и Лук Рокхолд, а во главниот настан ќе се сретнат шампионот во перо категорија, Хозе Алдо и привремениот шампион, Конор Мек Грегор.
Само, според Мек Грегор, Алдо повторно нема да излезе против него, како што тоа се случи на УФЦ 189.
„Веќе го победив. Тој е мртов. Видете му го јазикот на телото. Телото му е слабо, исто така и неговата психа. Можам да насетам недостатокот на доверба кај него. Ако тој не ги насочи мислите на борбата, телото нема да го следи. Тој не може да ме победи. И го знае тоа. Затоа последниот пат се истрча… Можам да го слушнам неговиот глас. Можам да го видам во неговите очи. Знам кога еден човек е поразен, а тој е поразен психички. Се уште не сум сигурен дека тој ќе се појави. Се обидувам да бидам оптимист, но никогаш не се лажам. Секогаш го претсакажува исходот од мечот и никогаш не сум згрешил“.